ЈА ИЗГУБИ БОРБАТА СО РАКОТ На 41 година почина арт директорот на „Луј Витон“

Вирџил Аблох влезе во историјата како прв црн уметнички директор на компанијата.

815

Влијателниот моден дизајнер на модниот бренд „Луј Витон“, Вирџил Аблох, кој влезе во историјата како прв црн уметнички директор на компанијата, почина на 41-годишна возраст по долга борба со ракот.

„Модното чудо“, како што го нарекуваа, приватно се бореше со срцев ангиосарком, кој му беше дијагностициран во 2019 година.






Неговата смрт беше објавена вчера. Тажната вест ги потресе сите љубители на модата и дизајнот.

Аблох требаше да ја одржи својата прва машка колекција за „Луј Витон“ во јуни, на Модната недела во Париз, објави „Дејли мејл“.

Аблох е роден на 30 септември 1980 година во Чикаго, а неговото семејство е по потекло од Гана.

По дипломирањето во 2003 година, тој го запознал раперот Канје Вест, а врв во неговата кариера беше лансирањето на машкиот бутик RSVP Gallery, а исто така беше уметнички директор во 2011 година за албумот „Watch the Trone“ за Џеј Зи и Канје Вест.

Тој беше номиниран и за наградата Греми во категоријата за најдобар визуелен изглед на албум.

 

 

Поврзани содржини