Ќерката на шкотскиот актер Еван Мекгрегор, Клара Матилда Мекгрегор, прошетала на црвениот тепих со повреди на лицето.
Како што објаснила на Инстаграм, куче ја гризнало за носот и под левото око, но и покрај повредите, таа не сакала да ја пропушти премиерата на трилерот „Роденденската торта“ во кој игра со нејзиниот славен татко .
„Она кога куче ве касне и ве испрати во Брза помош половина час пред црвениот тепих“, напишала Клара на Инстаграм.
„Каква царица си“, „Икона“, „Секако си убава“, гласеле коментарите на обожавателите под фотографијата.
Клара е најстарата од четирите деца што Мекгрегор кои ги добил во бракот со неговата поранешна сопруга Ева Мавракис.
Иако последниве години се занимаваше со манекенство, дури и се фотографираше за „Плејбој“, Клара одлучила да тргне по стапките на нејзиниот славен татко и да стане холивудска актерка.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм