ЈА ИСПРАТИЛЕ 300 МОТОРИ НА МАТУРСКАТА ПРОСЛАВА Малтретирана девојка им покажала на соучениците дека има „грб“
15-годишната девојка била дислексичар со Аспергеров синдром, односно не била со заостанат развој, туку само имала тешкотии да научи да чита и тешкотии во комуникацијата со другите луѓе, а тоа било доволна причина за нејзините соученици да прават шеги на нејзина сметка и годините поминати во училиште да ѝ ги направат мизерни.
Фелисити Варбартон од англискиот град Дројтвич, Ворчестершир, најде начин да им покаже на нејзините соученици кои со години ја малтретирале дека сепак има некој што ѝ го чува грбот, па на матурската вечер се појави со 300 моторџии.
15-годишната девојка била дислексичар со Аспергеров синдром, односно не била со заостанат развој, туку само имала тешкотии да научи да чита и тешкотии во комуникацијата со другите луѓе, а тоа било доволна причина за нејзините соученици да прават шеги на нејзина сметка и годините поминати во училиште да ѝ ги направат мизерни.
Затоа нејзината мајка стапила во акција.
– Ја исмејуваа толку многу што дури и размислуваше да изврши самоубиство минатата година, па јас навистина ja поддржав да има матурска која што нема да ја заборави – вели мајката на девојката, Кетрин Варбортон.
Кетрин го исконтактирала локалниот мото-клуб преку Фејсбук, објаснувајќи за што станува збор, со молба тие да ја испратат на матурската вечер. Таа се надевала дека ќе одговорат еден или двајца, но повикот го прифатиле стотици моторџии.
– Не можев веднаш да ја забележам Фелисити меѓу моторџиите! Тоа беше неверојатно. Се надевавме дека ќе дојдат десет моторџии, но имаше стотици. Бевме шокирани. Фелисити уживаше во секоја минута и беше неверојатно задоволна што ја почувствува поддршката од сите моторџии – рече нејзиниот очув, 45-годишниот Рич Морис.
Во понеделникот, на 6 септември, младата Варбертон имаше спектакуларен настап на матурската прославата на училиштето, а со својот чин, матурантката им покажа на малтретирачите дека има голем „грб“ позади себе и дека никој не треба ни да помисли да се шегува со неа, на тој начин таа ја доби почитта од поранешните соученици.