„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ СИТЕ РЕСУРСИ Веќе се примени тешко повредени пациенти
На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.
Клиничката болница „Аџибадем Систина” со сите свои ресурси се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, информираа оттаму.
Веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата.
„Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти – велат од Клиничката болница.
На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медицински тим на болницата неопходен за итен третман.
Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно.