ЈА ГРАБНАЛЕ СО СИЛА ОД ДОМОТ И ЈА ОДНЕЛЕ СО АУДИ Притворени тројца струмичани по драматичен инцидент во Берово
Според информациите на МВР, драмата се случила на 6 април 2025 година, околу 14:40 часот, во беровско село. Осомничените со употреба на сила ја земале жената од семејниот дом на Д.В., а потоа со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки побегнале од местото.
Тројца струмичани, 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., се осомничени дека насилно ја однеле 32-годишната жена – вонбрачна сопруга на синот на 59-годишниот Д.В. од Делчево, поради што завршија со лисици на рацете.
Според информациите на МВР, драмата се случила на 6 април 2025 година, околу 14:40 часот, во беровско село. Осомничените со употреба на сила ја земале жената од семејниот дом на Д.В., а потоа со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки побегнале од местото.
„Полициските службеници од ОВР Берово веднаш постапија по пријавата и ги лишија од слобода трите лица. За случајот беше известен и надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР за медиумите.
Истрагата продолжува, а надлежните ќе треба да утврдат што стои зад ваквиот необичен и вознемирувачки чин.