ЈА ФРЛИЛ ПО СКАЛИ, ЈА ТЕПАЛ СО ПРЕДМЕТ Серија брутални напади низ Македонија, уапсени три лица

Полицијата приведе тројца насилници, додека жените од неколку градови пријавиле физички напади и закани во сопствените домови.

0

Три лица се приведени за семејно насилство, а во изминатите 24 часа се евидентирани вкупно седум пријави за напади врз партнери и членови на семејството, информираше Министерството за внатрешни работи.

Најтежок случај е пријавен во Скопје, каде 48-годишна жена тврди дека нејзиниот сопруг ја оттурнал по скалите во нивниот дом. Таа завршила на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.






Во Гостиварско, полицијата привела 43-годишен маж откако сопругата пријавила дека ја нападнал во домот. Во Неготино, пак, 73-годишник бил уапсен бидејќи ја тепал сопругата со тврд предмет и ѝ се заканувал на нивната ќерка. Полицијата утврдила дека бил под дејство на алкохол.

Во Скопје е приведен и 37-годишник, пријавен од неговата 19-годишна партнерка дека ја нападнал и ѝ се заканувал.

Покрај овие случаи, пријави за насилство има и во Гевгелија, Струмица и повторно во Скопје, каде жени пријавиле физички напади од нивните сопрузи во семејните домови.

Од МВР велат дека сите случаи се расчистуваат и најавуваат соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини