ЈА ФОТНАЛ ДОДЕКА СЕ ТУШИРАЛА, МУ НАШЛЕ И ЛАПТОП Богданчанец приведен од полицијата

Полицијата го привела младиот човек во станица и му одзела лаптоп и компјутер за вештачење, јави Министерството за внатрешни работи преку соопштение.

1,843

Неочекувана сцена во студентски дом на подрачјето на Карпош вознемирила 22-годишна студентка од Прилеп. Додека се туширала, забележала телефон над параванот. Девојката веднаш пријавила во СВР Скопје. Според пријавата, А.М. (22) од Богданци ѝ кажал дека токму тој ги направил фотографиите.

Полицијата го привела младиот човек во станица и му одзела лаптоп и компјутер за вештачење, јави Министерството за внатрешни работи преку соопштение.






МВР потврди дека СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот. Притоа се испитуваат можни поврзани материјали и дигитални траги.

Поврзани содржини