АЈФОН 13 ЌЕ БИДЕ НЕЛЕГАЛЕН? 41 осто од земјите забрануваат сателитски повици
Значи, приближно вака. Во итен случај, ви снемува мрежа, ви снемува 4Г и 5Г, и последната опција за СОС-повик е сателитот. Само уште да не беше забрането. Изгледа специјалниот чип Qualcom X60 којшто компанијата го разви за оваа цел, ќе почека.
Ништо од сателитските повици кои ги спрема Ајфон во својот најнов тринаесетти модел, пишува Мондо. Причината? Најмалку 14 земји во светот ги забрануваат овие повици, а ставено во бројки тоа е 41 отсто од светската популација. А ако не можете да се јавите преку океанот, чуму сателитски повик?
Но, што е првичната идеја на Ајфон 13? Да можете да се јавите преку сателит онојпат кога сте надвор од мрежа – кога ви треба да направите итен СОС-повик, а ниту СОС-линијата не работи. Моментално, Ајфоните имаат СОС-опција, но само преку мобилна мрежа. Опцијата се активира кога го држите Power-копчето и едно од копчињата за контрола на јачината на звукот.
Значи, приближно вака. Во итен случај, ви снемува мрежа, ви снемува 4Г и 5Г, и последната опција е сателитот. Само уште да не беше забрането. Изгледа специјалниот чип Qualcom X60 којшто компанијата го разви за оваа цел, ќе почека.
Дали сателитските телефони се легални?
Во Бангладеш, Бурма (Мјанмар), Чад, Република Кина, Куба, Етиопија, Индија, Никарагва, Северна Кореја, Русија, Шри Ланка, Судан, Туркменистан и Јужен Судан, а веројатно и во повеќе набројаните 14 земји, користењето сателитски телефони не е легално. Ако го комбинирате бројот на луѓе што живеат во тие земји, ќе сфатите дека тоа е 3,25 милијарди луѓе од 7,8 милијарди луѓе што живеат на Земјата денес, или повеќе од 41%.
Ова значи дека Епл многу веројатно би можел да ја ограничи употребата на оваа функционалност само во Соединетите држави, што значи дека бројот на луѓе што можат да ја користат ќе биде уште помал. Покрај тоа, ако патувате во една од горенаведените земји, можеби ќе треба да го оставите телефонот дома, бидејќи властите би можеле да ви го одземат.
Со или без чипирање?
Епл можеби ќе ја направи оваа опција да биде опција по избор. Така Епл ќе се оправда за нејзината достапност и за нејзината голема цена.
Од друга страна, Епл може да одлучи да го продаде Ајфон 13 без гореспоменатиот чип за сателитска комуникација во овие и некои други земји, така што корисниците не би се нашле во проблематични ситуации. Ова особено важи за Кина и за Индија, земји кои имаат многу строги закони кога станува збор за употреба на сателитски телефони.

Замислете ги талибанците како се договараат преку сателит
Ако Епл одлучи да спроведе сателитска комуникација за различни ситуации, злоупотребата може да биде еден од факторите што ќе одлучат за судбината на новиот додаток. Засега, скоро секој може да купи Ајфон, директно или преку некого. Замислете што би се случило ако терористичките и криминалните организации дојдат до еден Ајфон 13.
Ако Епл сепак одлучи да спроведе сателитска комуникација, бидете многу внимателни со вашиот нов Ајфон 13. Ако патувате надвор од вашата матична земја, проверете кај амбасадата за да видите дали се дозволени сателитски телефони таму каде што патувате или не. Од друга страна, можеби сега е вистинското време да го замените стариот Ајфон ако сакате да заштедите неколку денари за нов телефон.