АЈФЕЛОВАТА КУЛА ЗАТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ Вработените штрајкуваат за зголемување на платите
Според претставникот на синдикатот, кој претставува голем број вработени, штрајкот е организиран со цел зголемувањето на платите да се усогласи со зголемените приходи од билети. Учесниците на штрајкот бараат и подобрување на одржувањето на Ајфеловата кула.
Ајфеловата кула е затворена за посетители поради штрајк на дел од вработените, незадоволни од својата финансиска состојба и од работата на управата на тој споменик, една од најпосетуваните туристички атракции во Франција и светот.
„Поради штрајк на дел од вработените, Ајфеловата кула во моментов е затворена. Се молат посетителите со електронски билети да ја проверат својата електронска пошта“ – беше наведено на веб-страницата на Ајфеловата кула, со извинување до посетителите за непријатностите.
Според претставникот на синдикатот ЦГТ, кој претставува голем број вработени, штрајкот е организиран со цел зголемувањето на платите да се усогласи со зголемените приходи од билети. Учесниците на штрајкот бараат и подобрување на одржувањето на Ајфеловата кула, пренесоа француските медиуми.
Ајфеловата кула бележи зголемување на бројот на посетители во пресрет на Летните олимписки игри во Париз.
Популарната туристичка атракцијавообичаено е отворена 365 дена во годината, но повремено посетите се оневозможени поради штрајк на некои вработени. Така беше и за време на божиќните и новогодишните празници во декември минатата година.