ЈА ЕВИДЕНТИРАЛ ДЕКА Е НА РАБОТА И НА БОЛЕДУВАЊЕ ДОДЕКА ТАА БИЛА ВО СТРАНСТВО Управителот на одморалиштето на МВР во Охрид сега се гони за злоупотреба на службената положба

Со наведените дејствија, управителот ѝ овозможил на готвачката да се стекне со противправна имотна корист во висина од 4.000 евра, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи.

1,489

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до обвинителството во  Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања”.

Како што соопшти МВР, пријавениот кој е управник на одморалиште на МВР во Охрид, во периодот од 02 до 05 февруари  и од 21 до 26 мај лани евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била во странство. Тој, исто така, во периодот од 28 мај до 30 ноември лани евидентирал дека готвачката Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа.






– Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари (4.100 евра), износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи  велат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.

Поврзани содржини