Ја држеле како робинка уште како девојче, ослободена по 40 години
Нејзините родители ја дале кога била дете на професор во Парос де Минас, а ја одгледала неговата мајка.
Една Бразилка, била поробена како слугинка од својата осумгодишна возраст и присилена на брак, беше спасена во ретките удари од бразилските власти на ропство во домовите.
Жената (46) е пронајдена како живее во мала соба во стан во Патос де Минас, а според инспекторите, работела за семејството поголемиот дел од животот без плата и слободно време, пренесува „Гардијан“.
Нејзините родители ја дале кога била дете на професор во Парос де Минас, а ја одгледала неговата мајка.
– Тие и даваа храна кога беше гладна, но таа беше лишена од сите други права – рече инспекторот Умберто Камасми.
Нејзиното име не беше објавено со цел да се заштити нејзиниот идентитет.
Ропството во домовите во Бразил е тешко да се идентификува и да се бори затоа што жртвите ретко се гледаат себеси како модерни робови, изјавија официјални лица. Од 3.513 работници пронајдени во услови слични на ропството помеѓу 2017 и 2019 година, само 21 лице е во домашно ропство.
Адвокатот што го застапува семејството на професорот рече дека тие биле претставени како виновни пред случајот да се најде на суд. Универзитетот Унипам соопшти дека професорот е суспендиран и дека се преземаат „сите законски мерки“.
Обвинителите велат дека се обидуваат да постигнат договор со семејството за исплата на отштета на жртвата. Доколку биде осуден, професорот се соочува со затворска казна од осум години.
Полицијата дознала за овој случај откако 46-годишната жена им проследила порака на своите соседи со барање да и купат храна и средства за хигиена бидејќи нема пари За време на нејзиното заробеништво, таа била принудена да се омажи за еден постар член од семејството за да може да добие пензија кога тој ќе умре.