АЈДЕ ПРВИ ВО СВЕТОТ ДА ГИ УКИНЕМЕ СЕРТИФИКАТИТЕ Распустот да се продолжи за две недели, потоа учениците без маски на училиште

Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, а уште една многу важна работа што треба да се направи е да се повлечат ковид-сертификатите. Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување, објасни микробиологот д-р Никола Пановски за Канал 5.

20,723

Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски, истакна микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на Канал 5.

Тој вели дека земјава досега немала стратегија како да се справи со пандемијата, а како што посочува, сега е веќе доцна да се смислуваат нови стратегии.






– Не бидува после свадба тапани. Затоа, како што досега функционираше Комисијата за заразни болести, така нека продолжи и во иднина. Оти, во спротивно, ќе направи штета преку носење небулозни мерки како што беше носењето маска на отворено. Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, а уште една многу важна работа што треба да се направи е да се повлечат ковид-сертификатите. Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување. Ако не можеме да помогнеме со рестриктивни мерки, тогаш треба да направиме олеснителни мерки. Тргнете ги сертификатите и одложете ја училишната година за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски на лицата – истакна д-р Пановски.

Поврзани содржини