АЈДЕ ПОКРЕНЕТЕ ИСТРАГИ ПРОТИВ МЕНЕ И ДУИ Ахмети вели дека доста му е од оцрнување

Лидерот на ДУИ порача дека не може секој да добие мандат за да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во новата влада.

1,011

Нашите политички противници нека се подготват за новиот предизвик кој следи следната година на локалните избори, истакна Али Ахмети, лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во обраќањето на прославата за 22 години од формирањето на оваа политичка партија, а посветено на актуелните превирања во албанскиот блок по парламентарните избори.

– Секој може да добие мандат да формира влада, но не може секој да добие мандат да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во таа влада – рече Ахмети, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди, од каде најавија формирање на нова влада.






Според Ахмети, ДУИ успеала да се наметне и да добие значајни министерски позиции и, како што рече, првиот премиер Албанец.

Тој говореше и за актуелната состојба осврнувајќи се на прозивките од одредени лидери на партии за одговорност и вмешаност во корупција на кадрите на ДУИ и јавно побара соодветните институции да иницираат постапки.

– Седум години се обидуваат нè оцрнат и се занимаваат со ДУИ. Ги повикувам органите да иницираат истраги за сите кои биле на раководни функции, почнувајќи од мене – рече Ахмети.

 

Поврзани содржини