„АЈДЕ КРИМИНАЛЦИ ДА ВИДИМЕ КАКО ЌЕ СИ ГО ПОКРИЕТЕ СРАМОТ!“ Данела Арсовска потсетува дека одбила Универзална сала да биде реновирана од актуелниот изведувач

1,667

Град Скопје бара Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините за пожарот на Универзална сала.

„Доколку се детектира дека е во прашање човечки фактор и е мотивирано од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност“, соопштија од Град Скопје.






Оттаму велат дека две години јавно зборувале дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа не може да се продолжи ниту може да се гради.

„Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборувавме! Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација. Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја преземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се ревидира што правел изведувачот. Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот!“, додаваат во соопштението од Град Скопје.

 

Поврзани содржини