АЈДЕ ДА ТАНЦУВАМЕ, УТРЕ Е НОВ ДЕН Голоб прослави победа над Јанша во Словенија
Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба. Ајде да танцуваме!, повика Роберт Голоб.
Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, според излезната анкета објавена во 19 часот.
По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.
– Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба – рече Голоб, целиот трогнат и повика:
– Ајде да танцуваме!
#Slovenia 🇸🇮: According to a @EuropeElects seat projection, Robert Golob’s green-liberal @Gibanje_Svoboda will have 42 out of 90 MPs in the next @DrzavniZbor.
A comfortable victory for future Slovenian PM Robert Golob who may pick any of the left-of-centre coalition partners. pic.twitter.com/Ke7HFbTQZz
— Jakub Bielamowicz (@KubaBielamowicz) April 24, 2022
Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенска телевизија по затворањето на избирачките места, Движењето за слобода доби 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто.
Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите (СД) на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата (Л) на Лука Месец со 4,4 отсто.
Државната изборна комисија ги објави и првите делумни официјални резултати. По преброени 10 отсто од гласовите, Движењето за слобода има 30,15 отсто, а СДС на Јанша 27,54 отсто од гласовите.