„АЈДЕ, АКО НЕ, ДА ГИ ОСТАВИМЕ ТЕРОРИСТИТЕ НА ХАМАС И ДА ГИ НАГРАДИМЕ“ Нетанјаху остро ги критикуваше Макрон, Стармер и Карни

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, посочи дека војната може да заврши „уште утре“, доколку бидат ослободени сите преостанати заложници, доколку Хамас го положи оружјето, неговите, како што ги нарече, „убиствени лидери“ бидат протерани, а Појасот Газа е целосно демилитаризиран.

844

аелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги критикуваше лидерите на Велика Британија, Франција и Канада, обвинувајќи ги дека со повиците за запирање на засилената воена офанзива во Појасот Газа, му прават „голема услуга“ на Хамас, објави Политико.

Британскиот и канадскиот премиер, Кир Стармер и Марк Карни, заедно со францускиот претседател – Емануел Макрон, вчера ја осудија „скандалозната ескалација на насилството во Појасот Газа“, предупредувајќи дека ќе следуваат „конкретни акции“ доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го промени курсот на делување.






Нетанјаху, пак, повтори дека Израел останува решен да постигне „целосна победа“ над Хамас.

Во заедничката изјава на Стармер, Карни и Макрон се наведува дека доколку Израел не ја запре обновената воена офанзива и не ги укине ограничувањата за хуманитарна помош, „ќе бидат преземени понатамошни конкретни акции како одговор“.

„Секогаш сме го поддржувале правото на Израел да ги заштити своите граѓани од тероризам. Но, оваа ескалација е целосно непропорционална“, се наведува во нивната изјава.

Тројцата лидери, исто така, го повикаа Хамас да ги ослободи заложниците кои беа киднапирани при, како што наведуваат, „грозоморниот напад“ на 7 октомври 2023 година.

– Со тоа што бараат Израел да ја прекине одбранбената војна за наш опстанок, пред да бидат уништени терористите на Хамас на нашата граница, а и со тоа што повикуваат на создавање палестинска држава, лидерите во Лондон, Отава и Париз нудат огромна награда за геноцидниот напад врз Израел на 7 октомври, а истовремено повикуваат на уште такви злосторства – реагираше Нетанјаху на оваа заедничка порака.

Тој додаде дека „војната може да заврши утре доколку сите преостанати заложници бидат ослободени, Хамас го положи оружјето, неговите убиствени лидери бидат протерани, а Газа демилитаризирана“.

– Од ниту една нација не може да се очекува да прифати нешто помалку, а Израел сигурно нема да го стори тоа. Ова е војна на цивилизацијата против варварството. Израел ќе продолжи да се брани со праведни средства сè додека не се постигне целосна победа – нагласи Нетанјаху.

СТАРМЕР, МАКРОН И КАРНИ МУ СЕ ЗАКАНИЈА НА НЕТАНЈАХУ 14.000 бебиња чекаат храна во Газа по 11 недели блокада

Поврзани содржини