ЈА ЦЕНИМЕ ВАШАТА ПОСЕТА НА КИЕВ Почна состанокот на Зеленски со тројцата премиери (ВИДЕО)

Вашата посета на Киев во овој момент е многу моќен доказ за поддршката што ни ја давате. Ние го цениме и почитуваме тоа, рекол Зеленски на почетокот на состанокот.

1,718

На социјалните мрежи е објавена снимка од средбата на претседателот на Украина Володимир Зеленски со премиерите на Чешка, Полска и Словенија.

Како што претходно објавија чешките медиуми, тројцата премиери утрово наводно ја преминале границата со Украина, а потоа со воз пристигнале во главниот град на Украина.






– Вашата посета на Киев во овој момент е многу моќен доказ за поддршката што ни ја давате. Ние го цениме и почитуваме тоа – рекол Зеленски на почетокот на состанокот.

 

Тројцата лидери имаат намера да презентираат широк пакет поддршка за Украина по симболичното патување за да ја покажат европската солидарност со украинскиот народ.

– Овде воразорениот Киев се создава историја. Овде слободата се бори против светот на тиранијата. Овде иднината на сите нас виси на конец. ЕУ ја поддржува Украина, која може да смета на помошта од своите пријатели, оваа порака денеска ја донесовме во Киев – напиша Моравјецки на Твитер.

Украинскиот премиер Денис Шмигал ја поздрави, како што рече, „храброста на вистинските пријатели“ и објави дека со лидерите на ЕУ земјите ќе разговара за поддршката на Украина и дополнителни санкции против Русија.

Претходно, портпаролот на полската влада во Варшава изјави дека посетата на тројцата државници била договорена на минатонеделниот самит на ЕУ во Версај, Франција.

Како што е потврдено, се било координирано со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Целта на посетата е јасно да се покаже поддршката на Европската унија за Украина и нејзината слобода и независност – напиша чешкиот премиер Фијала на Твитер.

Поврзани содржини