📽 ЈА БЛИСНА КОФАТА СО ПОЛИКОЛОР ПРАВО ВО ДРИМ! Камерите го фатија, за инспекторите не се знае дали ќе ги „допре глас“

„Тукашната свест е на ниво на племенска заедница, светлосни години подалеку од вредностите на ЕУ“ – коментира корисник на Фејсбук под објавата на видеото.

1,418

Видео-снимка на која се гледа како градежен работник во Струга истура кофа со молерска боја во водите на реката Црн Дрим, предизвика големо незадолство и жестоки реакции на социјалните мрежи.

На неколку снимки, направени од различни агли, се гледа како лицето се симнува од објектот кој се гради покрај кеј, а потоа остатоците од боја од кофата ги истура во реката.






„Тукашната свест е на ниво на племенска заедница, светлосни години подалеку од вредностите на ЕУ. Се надевам дека инспекторатот надлежен за екологија и комунална хигиена ќе биде допрен од гласов“ – напиша еден од корисниците на Фејсбук, под објавеното видео.

Поврзани содржини