🎥 АЈАТОЛАХОТ ХОМНЕИ Е МРТОВ, ТВРДИ ИЗРАЕЛ Според Техеран, непријателот води психолошка војна

Израелскиот Канал 12 објави дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху му била презентирана фотографија од телото на Хамнеи. Наводно, иранските власти го пронашле неговото тело во неговата резиденција во Техеран што утрово беше срамнета со земја.

2,908

Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот Хомнеи е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Според израелските медиуми, неговото тело е пронајдено во урнатините на палата.

За смртта на иранскиот врховен верски водач објавија Ројтерс, Фокс њуз и други медиуми.






Израелскиот Канал 12 објави дека на премиерот Бенјамин Нетанјаху му била презентирана фотографија од телото на Хамнеи. Наводно, иранските власти го пронашле неговото тело во неговата резиденција во Техеран што утрово беше срамнета со земја.

 

Фото: Принтскрин

 

И покрај овие тврдења што доаѓаат од Израел, нема официјална реакција или потврда од Техеран за судбината на врховниот лидер.

„Непријателот посегнува по ментална војна, сите треба да бидат свесни за тоа“, рече раководителот за односи со јавноста во канцеларијата на иранскиот врховен лидер, според иранските државни медиуми.

Иранската новинска агенција Тасним утрово објави дека 7 ракети погодиле област во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот лидер во Техеран. Сателитските снимки открија дека резиденцијата на ајатолахот е целосно уништена во нападот.

Иранското Министерство за надворешни работи пред неколку часа објави дека врховниот лидер и претседателот на земјата се живи и здрави, откако се појавија информациите за нападот врз комплексот во Техеран.

– Сите се безбедни и неповредени – изјави портпаролот на министерството.

Израелскиот премиер Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја искористи можноста за соборување на режимот, тврдејќи дека ајатолахот Хамнеи можеби повеќе не е жив.

Според Нетанјаху, постојат многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи „веќе го нема“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт.

Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран е уништен во израелски напад.

Тој кажа дека нападите ќе продолжат „олку долго колку што е потребно“ и дека конфликтот ќе донесе „вистински мир“.

Израелскиот премиер рече дека сите знаат дека „таков убиствен режим“ не треба да има нуклеарно оружје со кое може да „продолжи да му се заканува на целото човештво“.

– Би сакале да му се заблагодариме на храбриот ирански народ што се ослободува од тие ужасни врски со тој режим. Ова е можност да направите нешто. Не седете со скрстени раце, бидејќи ќе дојде овој момент и од вас ќе се бара масовно да излезете на улиците, бидејќи мора да ја завршите оваа работа и мора да го срушите и искорените овој режим – рече Нетанјаху.

Нетанјаху наведе дека Израел од утрово ги елиминирал командантите на Корпусот на исламската револуционерна гарда, високи функционери на иранскиот режим, високи функционери на нуклеарната програма и дека во наредните денови ќе „нападне илјадници цели на терористичкиот режим“.

Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговото „историско лидерство“.

– Тој е лидер кој си го држи зборот – оцени Нетанјаху.

Поврзани содржини