АЈАТОЛАХОТ ГО ПРОЗВА ТРАМП „ЗА ЖРТВИТЕ И ЗА КЛЕВЕТИТЕ“ Најмалку 3.000 лица се убиени во Иран, од нив 2.885 демонстранти
Паралелно, активистичката агенција ХРАНА објави дека во репресијата се убиени најмалку 3.090 лица, од кои 2.885 биле демонстранти. Државната телевизија на Иран, пак, признава само 300 загинати, додека британски Скај њуз потврди независно најмалку 110 смртни случаи, меѓу кои жени и деца. Сведоштвата зборуваат за прикриена бруталност и тајни погреби.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, за првпат јавно го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека е „директно одговорен за жртвите и штетите“ во земјата, пренесува СкајЊуз. Според него, протестите биле „дело на странски терористи и вандали што ги уништуваат сопствените улици за да му угодат на претседателот на друга земја“.
„Трамп е одговорен за жртвите, штетите и за клеветите што ги упати против иранскиот народ“, напиша Хамнеи на мрежата Икс, во својата прва објава по повеќе од пет дена молк.
Паралелно, активистичката агенција ХРАНА објави дека во репресијата се убиени најмалку 3.090 лица, од кои 2.885 биле демонстранти. Државната телевизија на Иран, пак, признава само 300 загинати, додека британски Скај њуз потврди независно најмалку 110 смртни случаи, меѓу кои жени и деца. Сведоштвата зборуваат за прикриена бруталност и тајни погреби.
Протестите започнале на 28 декември поради инфлацијата и сиромаштијата, а за неколку дена се прошириле низ цел Иран. Студенти и трговци марширале во Техеран, повикувајќи на крај на клерикалното владеење и потсетувајќи на времето на Реза Шах, симбол на секуларниот Иран пред 1979 година.
Интернетот бил целосно блокиран над една недела, а NetBlocks јави дека „конекцијата се враќа по повеќе од 200 часа темнина“. Властите сега прават процена на штетата – уништени се стотици џамии, болници и амбулантни возила.
Трамп, кој првично најави „помош за иранскиот народ“, потоа го смени тонот и се заблагодари на иранското раководство за откажувањето на „над 800 бесења“.
– Никој не ме убедил да не нападнам, јас самиот се убедив – изјави тој пред новинарите, додавајќи дека „времето ќе покаже кој имал право“.
Али Ваез од Меѓународната кризна група коментираше дека Трамп „очајно бара излез“ од ветувањето за воени мерки.
Во меѓувреме, прогонетиот престолонаследник Реза Пахлави од Вашингтон порача дека „Исламската Република ќе падне – не ако, туку кога“, најавувајќи преодна влада за враќање на демократијата. Но, аналитичарите предупредуваат дека тоа сценарио е далеку од реалност.
Во Лондон, пак, пред иранската амбасада избувнаа немири. Неколку полицајци се повредени, четворица демонстранти хоспитализирани, а полицијата приведе повеќе лица по фрлање проектили.