ЈА АСФАЛТИРАЛЕ КОЗАРА СОСЕ ШАХТИТЕ И РЕШЕТКИТЕ Прекопување на улица во скопски Капиштец ги крена граѓаните на нозе
Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти, велат граѓани на улицата.
Фирма ангажирана од општина Центар ги со асфалт ги затворила шахтите на улица Козара во населбата Капиштец во Скопје, а кога жителите се побуниле асфалтот бил раскопан и фрлен во шахтите, пишува СДК.
– Откако се побунивме како тоа со асфалт ги затвораат шахтите, работниците го раскопаа и го фрлија во шахтите. Нека ни каже некој како се вади асфалт од шахти – велат граѓани на улицата.
По реакциите на граѓаните, денеска на терен излезе градоначалникот Горан Герасимовски и општинските служби кои вршеа чистење на сливниците. Герасимовски најави строги казни доколку во иднина се случат вакви недоследности.
– Во моментов општинските служби ги чистат сливниците како превентива за евентуални можни поплавувања од обилни дождови. На улицата се изведуваат активности пред поставувањето на вториот и финален асфалтен слој. Со оглед на тоа дека во околината се градат неколку нови згради и мојата цел како градоначалник е да се стави крај на прекопувањето нов асфалт затоа сега екипи од јавните претпријатија работат на поставување на подземна инсталација, во моментов се прават приклучоци за водовод. Ова можеби одзема време и носи нервоза кај жителите но е решение во иднина улицата да не се раскопува при евентуални потреби и на околните згради во градба – рече Герасимовски пред жителите на улица „Козара“.
Тој пред граѓаните апелираше за трпение за да се заврши целата работа. Исто така ги извести граѓаните дека веднаш штом екипите од Јавните претпријатија ја завршат работата во својот домен, Општина Центар најдоцна за една недела во зависност од временските прилики ќе го постави вториот и финален асфалтен слој. Во таа една недела општинските служби ќе направат подигање и нивелирање на сливниците, шахтите и капаците за водовод.
Улицата Козара и лани беше во фокусот на јавноста поради наводно големиот број на издадени градежни дозволи. Видео од градежните работи, тогаш, беше објавено на Твитер.
👉 Капиштец, улица “Козара” денес. УСУЛОТ, градењето и #мораториумот во ❤ на Скопје во едно видео👇
Еве и ако #МораториумИмалоВоЦентар pic.twitter.com/DEaDOkLh9x— Васко Робовалиев (@CQ6v2ftTGP1Rdd0) September 18, 2021