НА СПИСОКОТ НА САД МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ И СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ Пендаровски не ја исклучува можноста „тефтерот“ да биде ажуриран
Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју" на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа", за која очекува да биде објавена во догледно време.
Не е исклучено на „црната листа” на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски.