ТРАМП ПОБАРАЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ДА ГО ПРЕКИНАТ ФИНАНСИРАЊЕТО НА УКРАИНА „Ќе заштедите многу пари ако заврши војната“

Трамп ги критикувал плановите на ЕУ и другите меѓународни сојузници на Украина да помогнат во покривањето на финансискиот дефицит од 70 милијарди евра на земјата до 2027 година.

556

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од европските лидери за време на телефонскиот повик кон лидерите на состанокот на Коалицијата на волјата дека повеќе не треба да ја финансираат Украина, објави британскиот Телеграф.

Два извори запознаени со ова прашање рекоа дека Трамп ги критикувал плановите на ЕУ и другите меѓународни сојузници на Украина да помогнат во покривањето на финансискиот дефицит од 70 милијарди евра на земјата до 2027 година.






Тие рекоа дека Трамп рекол дека европските земји би можеле да заштедат многу пари ако војната заврши.

Американскиот претседател бил во авион за време на телефонскиот повик по враќањето од Кина, каде што одржа трилатерален самит со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Германија беше домаќин на состанок на околу 30 сојузници на Украина во четврток, додека Европа се обидува да го обезбеди своето место на преговарачката маса, како и да обезбеди финансирање за воените напори на Украина.

На покана на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Енди Бернам, сојузниците на Украина се состанаа во Берлин во четвртокот вечерта.

Путин во последните недели побара НАТО да ги повлече трупите од источна Европа како дел од договорот за завршување на војната, барање што го отфрлија Велика Британија и нејзините сојузници.

Трамп, исто така, имаше поединечна средба со Путин во Кина во четврток, за која рече дека поминала „подобро од очекуваното“.

Пред самитот во Кина западните претставници изјавиија дека за безбедноста на Украина и на Европа не може да се решава без нивно учество.

Поврзани содржини