КРАДЕЛЕ ВО АВТО-КАМП ВО ОХРИД, УКРАДЕНОТО ГО НАТОВАРИЛЕ НА МОТОРИ Полицијата уапси тројца охриѓани

Полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(18), П.Д.(30) и С.Д.(25), сите од Охрид, коо се затекнати по извршена тешка кражба во близина на еден автокамп во Охрид, соопшти полицијата.

130

Полицијата уапси тројца охриѓани кои краделе во авто-камп во Охрид.

„На 25.10.2026 година во 13:45 часот во близина на еден автокамп во Охрид полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(18), П.Д.(30) и С.Д.(25), сите од Охрид. Тие се затекнати по извршена тешка кражба во кампот и како со два мопеди, за кои немале соодветни документи, вршат транспорт на одземените предмети“, сооппти полицијата.






По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се додава во соопштението.

Поврзани содржини