ЃУРОВ ЈА НАМАЛИ ПРЕДНОСТА НА ЈОТОВА НА МИНИМУМ На претседателските избори во Бугарија излегле само 22,2% од гласачите
На третото место е парот Костадин Костадинов и Петар Волгин со 12,4%. Четврти е Радостин Василев со 4,2%, петти е Ивелин Михајлов со 3,4%, Иван Христанов со 2,8%
Разликата помеѓу Андреј Ѓуров и Илијана Јотова во првиот круг на претседателските избори во Бугарија е минимална. Излезноста на гласачите е околу 22,2%.
Податоци од 100% паралелно пребројување
Според „Маркет линкс“: 33,5% гласале за парот Андреј Ѓуров и Георги Кандев, а 32,7% за Илијана Јотова Кирил Валчев. На третото место е парот Костадин Костадинов и Петар Волгин со 12,4%. Четврти е Радостин Василев со 4,2%, петти е Ивелин Михајлов со 3,4%, Иван Христанов со 2,8%
„Мјара“: Илијана Јотова и Кирил Валчев добиваат 35,6% поддршка на денешните претседателски избори. На второ место со 32,5% е парот Андреј Ѓуров и Георги Кандев. На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 12,4% поддршка. По нив се двојките претседателски кандидати, и тоа: Радостин Василев и Красимир Манов – 4,3%, Ивелин Михајлов и Јулијана Матеева – 3,5%, Иван Христанов и Стојанка Черкезова – 2,2%. Според агенцијата, излезноста на гласачите е 22,2% заклучно со 20:00 часот.
„Алфа рисрч“: Илијана Јотова и Кирил Валчев добиваат 34,6% поддршка на денешните претседателски избори. На второ место со 32,7% е двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев. На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 12,6% поддршка. По нив се претседателските кандидатски парови и тоа: Радостин Василев и Красимир Манов – 4,1%, Ивелин Михајлов и Јулијана Матеева – 3,8%, Иван Христанов и Стојанка Черкезова – 2,7%.