🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека Франција е посветена Македонија да излезе од ќор-сокакот
За случајот со Ива Михаилова, амбасадорот Ле Риголер порача дека не смее да се заборави најважната цел – правдата мора да биде задоволена.
Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер.
-Целта е да се обнови дијалогот на доверба меѓу Скопје и Софија. Тоа е многу важно. Мислам дека двете страни треба да се посветат на тоа. Тоа е важно за нас како Европејци. Имаме потреба од обновување на довербата меѓу двата града, бидејќи тоа е клучен елемент за иднинта на евроинтеграциите на С.Македонија – вели Ле Риголер.
Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, амбасадорот Ле Риголер вели дека кружат многу идеи, илузии и фантазии за разговори зад сцена.
Тој вели дека дали Европската комисија ќе се вклучи во разговорите, не може да каже но додава дека Франција и многу други земји членки се силно посветени Македонија да излезе од ќор-сокакот, а идеите кои кружат се обидуваат да ги стават на маса.
За случајот со Ива Михаилова, амбасадорот Ле Риголер порача дека не смее да се заборави најважната цел – правдата мора да биде задоволена.
Нагласи дека, имајќи предвид дека во случајот има жртва, правдата мора да се испорача на најблиските.