БУГАРИЈА Е НА ПАТ КОН ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА ИЗЛЕЗНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ До 18 часот гласале само околу 20 отсто од избирачите

Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.

1,501

Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите. На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.

Понов официјален национален податок од ЦИК засега нема, но излезните анкети на агенциите покажуваат дека слабата излезност продолжила и во доцните попладневни часови. „Тренд” измерил 19,8 отсто до 18 часот, „Алфа рисрч” 20,8 отсто, додека „Галуп” дава нешто повисока проценка од 22,5 отсто. Практично, според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само околу секој петти избирач.






Ако ваквото темпо се задржи до крајот на изборниот ден, денешните избори можат да го соборат досегашниот негативен рекорд. На првиот круг во 2021 година конечната излезност според тогаш објавените податоци на ЦИК била околу 40,5 отсто. Претходно, во 2006 година гласале 44,1 отсто, во 2011 година 52,3 отсто, а во 2016 година 56,3 отсто од избирачите.

Падот е уште повпечатлив ако се погледне подолгата историја на директните претседателски избори во Бугарија. Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.

Конечната бројка ќе биде позната по затворањето на избирачките места и обработката на податоците од ЦИК.

ЈОТОВА УБЕДЛИВО ВОДИ, ЃУРОВ ВТОР На социјалните мрежи се појавија резултати од излезни анкети

 

Поврзани содржини