НАПАДНАТА Е МАЈКАТА НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ Напаѓачот е приведен
Инцидентот го потврди и Српската напредна партија (СНС) која соопшти дека мајката на Александар Вучиќ, била вербално и физички нападната во непосредна близина на пазарот Калениќ во Белград.
Ангелина Вучиќ, мајката на носителот на листата на „Единствена Србија“, денес била нападната пред гласачкото место, јавуваат српските медиуми.
Според извештаите, таа била физички и вербално нападната, а нејзината торба со намирници била украдена. Инцидентот е пријавен во полиција, која соопшти дека го уапсила Н.М.(28) кој е осомничен за нападот и е задржан 48 часа поради сомнение за кривично дело разбојништво.
– Во наведениот рок осомничениот ќе биде сослушан, по што ќе биде донесена одлука за понатамошното постапување“, соопштиле од Обвинителството.
Инцидентот го потврди и Српската напредна партија (СНС) која соопшти дека мајката на Александар Вучиќ, била вербално и физички нападната во непосредна близина на пазарот Калениќ во Белград.
Според СНС, „група помлади мажи, политички блиски до блокадитерите, ја турнале Ангелина Вучиќ, ѝ викале и ѝ ги искинале торбите со намирници што ги носела од пазарот“.
„Таквото однесување е недозволив чин на агресија, понижување и заплашување што заслужува најсилна осуда. Ничија мајка, ничија баба и ниедна жена не треба да бидат цел на насилство поради политички разлики. Нема оправдување за агресија врз жена само затоа што е мајка на Александар Вучиќ“, се истакнува во соопштението за медиумите на СНС.
Денеска во Србија се гласа на вонредни парламентарни избори. Вкупниот број на гласачи во единствениот избирачки список е 6.450.523. Гласачките места се затвораат во 20 часот. Изборниот молк е на сила до затворањето на гласачките места. Се гласа за еден од 18-те изборни листи.