ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија и дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера.
Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово во споредба со претходните избори, информираат од Амбасадата.
Почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев откако гласаше и изјави дека за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот.
Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија и дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера.