📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО Честитка од Мицкоски за 23 Октомври

Премиерот сподели видеопорака во која со дронови се прикажани ликот на Гоце Делчев, натписот „Гоце е Македонија!“, ВМРО и македонското знаме.

1,057

Премиерот Христијан Мицкоски го честиташе Денот на македонската револуционерна борба со видеопорака насловена „Небото свети Македонија“, во која со дронови се прикажани ликот на Гоце Делчев, натписот „Гоце е Македонија!“, кратенката ВМРО и македонското знаме.

„Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.






Видеото испраќа пораки поврзани со македонската револуционерна традиција и националните симболи, со ликот на Гоце Делчев како централна фигура во визуелната порака.

 

Поврзани содржини