„ИДНАТА ЈАС“ ЌЕ ОДЕКНЕ НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ Ана Стојаноска подготвена за големиот настап

По една недела проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена за настапот со „Идната јас“. Онлајн гласањето е бесплатно и ќе трае до утре во 20:59 часот, а преносот на фестивалот почнува во 21 часот.

43

По една недела интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ја претстави Македонија на 24. издание на Јуниорскиот евросонг со песната „Идната јас“.

Македонските граѓани ќе можат да гласаат онлајн за нашата претставничка од вечерва, петок, во 23:59 часот, до утре, сабота, во 20:59 часот, непосредно пред почетокот на фестивалот. Гласањето е бесплатно и се одвива преку официјалната интернет-страница на Евровизија: https://vote.eurovision.com/.






За конечниот резултат ќе одлучуваат жирито и публиката. Шеснаесет петчлени жирија од различни европски земји ќе ги оценуваат настапите на младите изведувачи, меѓу кои и настапот на Ана Стојаноска со песната „Идната јас“.

Според евровизискиот систем, гласовите на жирито учествуваат со 50 проценти во конечниот резултат, додека останатите 50 проценти ги носи публиката. Поените од двата гласачки блока се комбинираат за да се утврди конечниот пласман на учесниците.

Преносот во живо на 24. издание на Јуниорскиот евросонг ќе може да се следи на Националниот сервис утре, сабота, со почеток во 21 часот.

Поддршката од публиката е можност македонските гледачи да придонесат за резултатот на Ана Стојаноска на овогодинешниот детски музички фестивал.

Поврзани содржини