ФРАНЦУСКИОТ ВИРУС ЈА ЗАФАТИ И АВСТРИЈА Во Виена на протест излегоа студентите и професорите

Голем број полицајци и полициски возила беа распоредени на улиците во центарот на Виена за да ја обезбедат поворката и да го регулираат сообраќајот.

87

Околу 50.000 студенти, професори, научници и вработени на универзитетите денеска протестираа во Виена поради недоволното финансирање на австриските јавни универзитети, соопшти Австриската студентска унија.

Протестот насловен „„Црвен аларм – #СпасетеГиНашитеУниверзитети!“ (Alarmstufe Rot – #UnisRetten!) почна пред Техничкиот универзитет на Карлсплац и демонстрантите помина низ центарот на Виена носејќи транспаренти „Денешните кратења се утрешни кризи“, „Нашите универзитети се нашата иднина“ и „Образованието е иднината“, како и знамиња на студентските и универзитетските организации.






Австриската студентска унија побара од владата дополнително да го зголеми буџетот на универзитетите до крајот на октомври. Голем број полицајци и полициски возила беа распоредени на улиците во центарот на Виена за да ја обезбедат поворката и да го регулираат сообраќајот.

Австриската влада издвои околу 16 милијарди евра за 23-те јавни универзитети во тригодишниот буџетски период од 2028 до 2030 година. Универзитетската конференција „Унико“ смета дека се потребни најмалку 18 милијарди евра, само за покривање на растечките трошоци и одржување на сегашното ниво на работа.

Универзитетите предупредуваат дека недостатокот на средства може да доведе до укинување на некои работни места, намалување на бројот на курсеви и влошување на условите за студирање и истражување.

Поврзани содржини