СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по свое убедување

Нема пазарења со никого, нема непринципиелни коалиции. Ќе оставиме граѓаните да одлучат по сопствено убедување – рече лидерот на СДСМ Венко Филипче.

112

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница и дека одлуката им ја остава на граѓаните.

– Нема пазарења со никого, нема непринципиелни коалиции. Ќе оставиме граѓаните да одлучат по сопствено убедување. Затоа вчера имавме и состанок на раководството на партијата. Апсолутно не мислам дека треба да се прават непринципиелни коалиции – рече претседателот на СДСМ Филипче.






Според него, внатрешните анализи на партијата покажале раст на СДСМ и зголемување на гласовите во однос на лани.

Поврзани содржини