ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ ВО ПЕТОК Атлетската трка „23 Октомври“ ќе започне во 8 наутро

Атлетска трка по повод Денот на македонската борба ќе се одржи во петок, 23 октомври, со почеток во 8 часот. МВР најави посебен сообраќаен режим во центарот на главниот град.

42

Центарот на Скопје во петок наутро ќе биде под посебен сообраќаен режим поради атлетската трка „23 Октомври“, која ќе започне во 8 часот.

Учесниците ќе стартуваат од паркот „Жена Борец“, ќе поминат по улицата 11 Октомври, преку плоштадот „Македонија“ и Камениот мост.






Трасата продолжува по улицата Иљо Војводаџ, преку тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на Вардар. Атлетичарите ќе се вратат по истата патека, до целта пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена Борец“.

Полицијата ќе го пренасочува сообраќајот по околните улици, зависно од движењето на учесниците.

МВР апелира возачите и пешаците да ги почитуваат насоките на полициските службеници.

Поврзани содржини