📽️ ХАРИ СТАЈЛС ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ СТЕПАШЕ СО МАЖ КОЈ МУ БАРА АВТОГРАМ Пејачот забележан во жестока расправија на улица во Њујорк

Пејачот влегол во жестока расправија со маж кој носел плоча од неговиот албум „Fine Line“ и барал негов потпис. Снимката од конфликтот се прошири на интернет, а обожавателите се сомневаат дека станува збор за човек што собира автограми за да ги препродава.

49

Хари Стајлс се најде во центарот на непријатна сцена на улиците во Њујорк, откако се расправаше со маж кој сакаше да добие негов автограм. На видеото што се појави на Интернет се гледа како двајцата нервозно разговараат, гестикулираат и си вперуваат со прст, додека непознатиот маж држи плоча од албумот „Fine Line“ на британскиот пејач.

Разговорот очигледно станал напнат, а во еден момент се вмешува и трет маж, кој застанува меѓу нив, најверојатно обидувајќи се да ја смири ситуацијата. Стајлс потоа продолжува да оди, но човекот не се откажува и продолжува да се движи покрај него. Според медиумските извештаи, пејачот бил придружуван од телохранител, кој во еден момент се приближил до полициско возило, но полицијата не интервенирала.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by news.com.au (@newscomauhq)

Не е целосно разјаснето што точно ја предизвикало расправијата. Сепак, дел од обожавателите претпоставуваат дека мажот не бил обичен фан, туку човек што бара потписи од познати личности за потоа да ги продава плочите и другите предмети. Тоа засега не е официјално потврдено, но снимката повторно ја отвори темата за луѓето што ги следат познатите личности за да дојдат до автограми.

Реакциите се особено интересни бидејќи Стајлс обично остава впечаток на смирен и љубезен човек во контактите со обожавателите. На социјалните мрежи многумина застанаа на негова страна, сметајќи дека и познатите личности имаат право на личен простор и дека барањето автограм не оправдува упорно следење.

Само еден ден претходно, пејачот имаше сосема поинаква средба со обожавателите. Пред натпревар на Њујорк никс во „Медисон сквер гарден“, тој застана за да потпише автограм на еден од присутните. Снимката од тој момент ја објави ТМЗ, покажувајќи дека Стајлс сепак е подготвен да им посвети внимание на обожавателите кога околностите се соодветни.

Пејачот моментално престојува во Њујорк поради серијата концерти во „Медисон сквер гарден“. Иако средбите со обожавателите се дел од животот на светските ѕвезди, најновиот инцидент покажува колку може тоа да прерасне во непријатна ситуација кога ќе се преминат личните граници.

 

Поврзани содржини