ТРОТИНЕТ УДРИЛ ВО 71-ГОДИШНА ЖЕНА И ИЗБЕГАЛ Скопјанка тешко повредена на крстосница во Кисела Вода

Жената била удрена на крстосницата на улиците Борис Трајковски и Емил Зола. По несреќата, возачот на електричниот тротинет го напуштил местото, а полицијата работи на негово пронаоѓање.

39

Седумдесет и едногодишна скопјанка е тешко повредена откако во неа удрил возач на електричен тротинет, кој потоа избегал од местото на несреќата.

Несреќата се случила на 20 октомври, околу 14 часот, на крстосницата на улицата Борис Трајковски со улицата Емил Зола во Скопје.






Повредената жена, со иницијали С.В.К., била пренесена во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.

Возачот на тротинетот по ударот го напуштил местото, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини