ВЛАДАТА ОТПЛАТИЛА РЕЧИСИ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ ДОЛГ ОД ПРЕТХОДНАТА ЗА ИСТ ПЕРИОД Разликата во вратени средства досега изнесува 187%

Пратеникот Бојан Стојаноски објави споредба на отплатената главнина од државниот долг во првите 24 месеци од мандатите на актуелната и на претходната влада. Според неговите податоци, сегашната власт отплатила 142,2 милијарди денари, наспроти 49,6 милијарди денари во претходниот период.

264

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првите 2 години од мандатот отплатила 2,31 милијарди евра главнина од државниот долг, наспроти 806 милиони евра во истиот период од мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ, тврди пратеникот Бојан Стојаноски.

Во објава на Фејсбук, пренесена во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Стојаноски наведува дека разликата изнесува 187%, односно дека сегашната влада насочила 2,87 пати повеќе средства за отплата на доспеаната главнина.






„Фактите се мерат со бројки“, порачува пратеникот, наведувајќи дека во првите 24 месеци од претходниот мандат биле отплатени 49,6 милијарди денари, додека во истиот период од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ биле отплатени 142,2 милијарди денари.

Стојаноски тврди дека обврските што ги сервисира сегашната влада биле преземени во мандатот на претходната власт.

Според него, одговорното управување со јавните финансии подразбира навремена отплата на долговите, но и обезбедување средства за функционирање на државата, инвестиции и развој.

Поврзани содржини