РУСКИ АВИОН „СУХОИ“ СЕ УРНА НАД КАЛИНИНГРАД Екипажот се спасил
„Екипажот на авионот се катапултираше и беше евакуиран од копнен тим за пребарување и спасување. Животите на пилотите не се во опасност“, наведуваат од Министерството.
Руски воен авион Су-30 се урна во Калининградската област за време на тренажен лет, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението на руското министерство се потврдува дека несреќата се случила за време на изведување на планирана вежба.
„Екипажот на авионот се катапултираше и беше евакуиран од копнен тим за пребарување и спасување. Животите на пилотите не се во опасност“, наведуваат од Министерството.
Руското Министерство за одбрана засега не ја соопштува причината за падот на леталото.