ЕУ БАРА ОД МАСК ДА ГО ОБНОВИ СТАРЛИНК ВО УКРАИНА Брисел предупредува дека европската безбедност зависи од сателитските комуникации
Брисел ги оцени како длабоко загрижувачки извештаите за ограничување на сателитската интернет-услуга во Украина. Зеленски претходно соопшти дека дел од терминалите на „Старлинк“ престанувале да воспоставуваат врска со беспилотните летала при одредена брзина.
Европската Унија ги оцени како длабоко загрижувачки и спротивни на досегашната практика извештаите дека сопственикот на СпејсИкс, Илон Маск, наредил ограничување на сателитската интернет-услуга Старлинк во Украина. Брисел побара итно и целосно обновување на услугите што се клучни за управување со украинските беспилотни летала.
– СпејсИкс мора итно целосно да ги обнови услугите во Украина, каде што тие се неопходни за управување со беспилотните летала што се користат за одбрана на земјата – изјави портпарол на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека војната покажала колку европската безбедност зависи од инфраструктурата во вселената. Поради тоа, ЕУ активно работи на развојот и изградбата на новата сателитска мрежа ИРИС2, која ќе опфаќа повеќе од 300 сателити. Во проектот целосно ќе биде вклучена и Украина, со цел да се обезбедат високобезбедни комуникации за цивилни и воени потреби.
Претходно, Волстрит џурнал (WSJ) и Си-би-ес њуз објавија дека Маск стои зад ограничувањата на сателитската интернет-услуга Старлинк, со која управува неговата компанија СпејсИкс.
Според медиумските извештаи, Маск одржал неколку разговори со владини претставници пред донесувањето на одлуката, со цел да добие појаснување за ставот на американскиот претседател Доналд Трамп. Според истите извештаи, Маск и Трамп имале и директен телефонски разговор откако биле воведени мерките.
За време на самитот на ЕУ во Брисел, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека терминалите на Старлинк, кои се користат за управување со беспилотните летала, престанувале да воспоставуваат врска откако леталата ќе достигнеле одредена брзина. Според него, тоа директно влијае врз беспи