КИМ КАРДАШИЈАН СЕ МАСКИРАШЕ ВО ЌЕРКА Ѝ ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ Ријалити ѕвездата го симна изгледот на Норт до најмалиот детал
Ријалити-ѕвездата стави тиркизна перика, лажни пирсинзи и црни забни навлаки, а го ископира и готскиот стил на 13-годишната Норт Вест. Фотографиите ги воодушевија членовите на семејството и обожавателите, кои коментираа дека мајката и ќерката изгледаат како близначки.
Ким Кардашијан (45) реши годинава да приреди поинакво изненадување за Ноќта на вештерките – таа се маскираше во сопствената ќерка Норт Вест. Во серијата фотографии што ги објави на Инстаграм во вторникот, на 20 октомври, таа го пресоздаде препознатливиот изглед на тинејџерката, од долгата тиркизна коса до впечатливите готски детали.
Ким носеше долга сино-зелена перика, црни навлаки за забите, впечатливи вештачки трепки и лажни пирсинзи на лицето и рацете. Стајлингот го надополни со предимензионирана црна маица со натпис „N0rth4evr“, преку црно-бела блуза со долги ракави, масивен синџир со приврзок во форма на череп со вкрстени коски, како и долги, зашилени нокти со црно-сребрени готски украси. Ги ископира и позите по кои е препознатлива нејзината ќерка.
– Ноќ на вештерките 2026 – напиша Ким покрај фотографиите, а реакциите брзо пристигнаа. Нејзината сестра Кортни Кардашијан коментираше: Близначкииии!, додека мајка ѝ, Крис Џенер, напиша дека ова е многу забавно. И други обожаватели признаа дека на прв поглед помислиле дека на фотографиите е самата Норт.
View this post on Instagram
Изгледот не бил случајно избран. Ким ја пресоздала естетиката што нејзината ќерка ја негува во последните месеци, со тиркизна коса, темна шминка, метални додатоци и алтернативен, готски стил. Меѓу деталите е и маицата со насловната страница на музичкото издание „N0rth4evr“, дебитантското ЕП на Норт, објавено во мај годинава.
Маскирањето доаѓа по неколкумесечни коментари и критики на интернет за изгледот на Норт. Неодамна, во разговор со мајка си за време на пренос во живо на Тик-Ток, тинејџерката одговори на коментарите во кои нејзиниот стил е нарекуван „демонски“.
– Не сум демонска, престанете да го зборувате тоа. Само затоа што сакам вака да се облекувам, не судете за книгата според корицата – порача таа.
Во истиот разговор, Норт и Ким разјаснија дека пирсинзите што ги носи тинејџерката не се вистински. Норт објасни дека често ги менува и дека иако претходно изразила желба да стави вистински пирсинзи, мајка ѝ не ѝ дозволила.
Ким и претходно зборувала за критиките со кои се соочува поради стилот на својата најстара ќерка. Во разговор со Алекс Купер во подкастот „Call Her Daddy“, таа објаснила дека Норт има правила, но дека облекувањето е област во која ѝ дозволува да се изразува слободно. Според Ким, другите деца носат слична облека, но кога нејзината ќерка ќе облече нешто такво, реакциите се многу поголеми затоа што е под будното око на јавноста.
Ким ги има Норт, Сент, Чикаго и Псалм со поранешниот сопруг, раперот Канје Вест, со кого се венча во 2014 година, а се разведе во 2022 година. Иако Норт често е во центарот на вниманието поради својот стил, нејзината мајка јавно ја поддржува нејзината желба да експериментира со изгледот. Овојпат, Ким реши да покаже како изгледа кога ќерката ќе ѝ стане инспирација – и тоа за една од најпопуларните маски за Ноќта на вештерките.