ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му е одреден притвор од 30 дена

При претрес со судска наредба, полицијата одзела десктоп-компјутер и видеоснимки со експлицитни содржини. Против 42-годишниот охриѓанец е поднесена кривична пријава, а судија му одредил 30-дневен притвор.

56

Четириесет и двегодишен охриѓанец заврши во притвор откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела десктоп-компјутер и видеоснимки со експлицитни содржини што, според МВР, претставуваат детска порнографија.

Претресот бил извршен на 20 октомври, со судска наредба, од полициски службеници од СВР Охрид, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. По пронаоѓањето на материјалите, А. Д. веднаш бил лишен од слобода.






Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднел кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во член 193-а од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.

Поврзани содржини