УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО КЕНЕДИ Кејл, внука на Роберт Кенеди, почина на 42-годишна возраст
Нејзиниот татко, Мајкл Кенеди, загина во скијачка несреќа во 1997 година, на 39-годишна возраст.
Кајл Кенеди (Kyle Kennedy), внуката на Роберт Ф. Кенеди и неговата сопруга Етел Кенеди, почина на 42-годишна возраст. Според неодамна објавен некролог, таа починала на 21 септември во својот дом во Вествуд, во американската сојузна држава Масачусетс.
Кајл беше ќерка на Мајкл Кенеди, едно од единаесетте деца на Роберт и Етел Кенеди. Пред шест години, имала тешка повреда на ’рбетот, поради која останала неподвижна, пишува „Пејџ Сикс“ (Page Six).
По ова, таа почнала активно да се залага за правата на лицата со попреченост. Учествувала и на сослушување пред законодавното тело на Масачусетс, на кое се испитувала дискриминацијата на лицата со попреченост во здравствениот систем.
Кајл Кенеди зад себе ги остави синовите Конор (Connor), на 12-годишна возраст, и Деклан (Declan), кој има 10 години. Ги добила во бракот со Лиам Кер (Liam Kerr), кој во некрологот е наведен како нејзин поранешен сопруг.
Кајл Кенеди е родена на 6 јули 1984 година во Вашингтон. Нејзиниот татко, Мајкл Кенеди, загина во скијачка несреќа во 1997 година, на 39-годишна возраст. Магистрирала ран и предучилишен развој и образование на Универзитетот „Пејс“ (Pace University), а на Универзитетот „Харвард“ (Harvard University) завршила постдипломски студии по образовна политика и менаџмент.
По завршувањето на студиите, работела како наставничка во Њујорк, во рамките на програмата „Тич фор Америка“ (Teach For America), која обединува дипломирани студенти и ги подготвува за работа во училиштата, особено во средини со помалку можности.