🎥 ЗАПАЛИЛ СИМБОЛ НА ФРАНЦИЈА, ПА ИЗБЕГАЛ НА ЛУКСУЗНА ЛОКАЦИЈА Уапсен радикален левичар за палењето на историската зграда во Лимож

Како што објавија некои француски медиуми повикувајќи се на полициски извори, приведениот маж е закоравен активист на крајната левица кој веќе бил во безбедносните евиденции на државата под озлогласената ознака „Fiche S“, која се користи за луѓе кои се сметаат за закана за националната безбедност.

178

Четириесетгодишен маж е приведен утрово во близина на француското луксузно одморалиште Вал д’Исуар како дел од истрагата за палењето на историската зграда во Лимож.

Обвинителот на Лимож го потврди апсењето, но не сакаше да открие дополнителни детали во оваа фаза од истрагата, објави Фигаро.






Осомничениот, по потекло од департментот Крез, е познат на органите за прогонот.

Како што објавија некои француски медиуми повикувајќи се на полициски извори, приведениот маж е закоравен активист на крајната левица кој веќе бил во безбедносните евиденции на државата под озлогласената ознака „Fiche S“, која се користи за луѓе кои се сметаат за закана за националната безбедност. Претходно бил познат на полицијата поради неговото насилно однесување и напади врз функционери.

Осомничениот радикален левичар е идентификуван како клучна фигура зад палењето на историската зграда на градското собрание во Лимож за време на демонстрациите во саботата (17 октомври), кои се претворија во улично насилство. Пожарот целосно го изгоре покривот и доведе до уривање на кулата на зградата, изградена во 1883 година.

Масовните протести во Франција избија поради високите трошоци за живот, зголемувањето на цените на горивата и владините мерки за штедење.

Бранот протести почна кон средината на септември како локален штрајк и бунт на учениците и наставниците во средно училиште во посиромашно предградие на Париз, а причината беа лошите услови во образованието, хроничниот недостиг на наставници, преполните училници и запуштените училишни згради. Протестите се проширија во средните училишта и колеџите низ целата земја, а беа проследени со масовни блокади и судири со полицијата.

Поврзани содржини