ПОРАНЕШНИОТ ДЕЧКО НА ПОЧИНАТАТА МАНЕКЕНКА СЕ ОГЛАСИ НА ИНСТАГРАМ „Проклетство, Сахара, ме уништи со ова… Близнаку мој“
Раперот Крис Мајлс објави емотивна порака за манекенката, со која беше во врска и откри дел од нивната последна комуникација, но потоа ја избриша. Тој објави и повеќе заеднички фотографии и напиша: Проклетство, Сахара, ме уништи со ова... Близнаку мој. До следната средба, љубов моја, почивај во мир.
Поранешниот дечко на австралиската манекенка Сахара Реј, раперот Крис Мајлс, се прости од неа со емотивна порака на социјалните мрежи. Тој објави и стари фотографии од нивната врска, на кои се гледаат необичните тетоважи што си ги посветиле еден на друг. Реј почина на 34 години, а нејзината смрт ја потврди семејството. Официјалната причина сè уште не е објавена, иако некои медиуми пишуваат за сомневање за предозирање со фентанил.

Мајлс сподели и снимка од екранот со нивната последна размена на пораки, која се случила во септември. Во неа, Сахара му честитала за музичкиот успех. Покрај објавата, раперот ѝ упати емотивни зборови:
– Проклетство, Сахара, ме уништи со ова… Близнаку мој. До следната средба, љубов моја, почивај во мир.
Објавата со нивната приватна комуникација набргу потоа ја избриша.
View this post on Instagram
Подоцна, Мајлс споделил и заматена фотографија од ѕид со кратката порака „Ми се повраќа“, а потоа објави галерија со постари фотографии од времето кога биле заедно. На една од нив се гледаат нивните тетоважи, кои привлекуваат внимание поради необичните пораки. На подлактицата на раперот пишувало „Сахара ме уби“, додека манекенката имала истетовирано „Крис Мајлс ме спаси“.

Нивните заеднички фотографии и во минатото предизвикувале реакции. Во март 2023 година, една фотографија на која Сахара позирала со пушка предизвикала загриженост кај дел од јавноста. Мајлс тогаш тврдел дека станува збор за лажно оружје.
Сахара Реј беше австралиска манекенка и дизајнерка на костими за капење, а пошироката јавност ја запозна во 2016 година, кога беше поврзувана со Џастин Бибер. Таа ја основа сопствената марка „Сахара Реј Свим“, а во јануари годинава стана мајка на ќеркичката Сноу. Нејзината последна објава на Инстаграм, во јули, беше посветена токму на бебето.
Во последните години Реј зборувала и за сериозни лични и здравствени проблеми. Во 2021 година открила дека побарала помош за лекување од зависност, а во 2024 година ѝ бил дијагностициран Гилен-Бареовиот синдром по сообраќајна несреќа, поради кој привремено не можела да оди. Нејзиното семејство соопшти дека починала во болница, опкружена со најблиските, и ја опиша како исклучително сакана жена.