📽️ Ѝ ЈА ЗЕЛ ОБЛЕКАТА ОД РАЦЕ И ЈА ВРАТИЛ ВО ДУЌАНОТ Необична сцена пред оштетена продавница во Франција

Видеото прикажува маж кој ѝ ја зема облеката на жена пред оштетена продавница „Pimkie“, ги собира парчињата од тротоарот и ги враќа во објектот.

164

Видеоснимка од Франција прикажува маж кој ѝ ги зема парчињата облека на жена пред оштетена продавница „Pimkie“, ги собира алиштата од тротоарот и ги враќа во објектот. Сцената е снимена среде немирите и грабежите што ја зафатија земјата, а видеото се прошири на социјалните мрежи.

На снимката се гледа жена со облека во рацете, покрај камен блок на тротоарот пред продавницата со оштетен излог и графити. Додека насобраните минувачи ја снимаат случката со мобилните телефони, мажот ѝ ги зема алиштата, ги собира и парчињата оставени на земја, ги става во еден куп и се враќа во продавницата за да ги остави внатре.






Според описот што ја придружува снимката, жената била со детска количка и деца, а мажот наводно ѝ рекол да си замине.

 

Поврзани содржини