ТРАМП САКА ДА ЈА ПРЕКРСТИ ДРЖАВАТА НОВО МЕКСИКО? Се предлага име „Нова Америка“
Автентичноста на пораката не е независно потврдена, а од доставениот материјал не произлегува дека е започната официјална постапка за промена на името.
Во порака припишана на Доналд Трамп се предлага американската сојузна држава Ново Мексико веднаш да го промени името во „Нова Америка“, со образложение дека тоа би ѝ донело поголем престиж и економска корист.
„Ново Мексико треба веднаш да го смени своето име во Нова Америка. Ние не сме Мексико, ние сме Соединетите Американски Држави!“, се наведува во пораката.
Во текстот се тврди дека преименувањето би ја зголемило вредноста на домовите и приходите на жителите, а граѓаните би биле уште погорди додека го поздравуваат американското знаме. Не се наведени податоци или образложение што би ги поткрепиле овие економски очекувања.
Автентичноста на пораката не е независно потврдена, а од доставениот материјал не произлегува дека е започната официјална постапка за промена на името.
Сепак, на Трамп не му е првпат да објавува намера за преиенување на Ново Мексико. Во септември годинава, кога ее појавија такви сатирични објави, тој сподели генерирана фотографија на која тој на прелепува таблата на Ново Мексико со назив Нова Америка, со коментар дека „тоа би било извонредно“.
„Многу луѓе предложија да го промениме името на Њу Мексико (…) во НОВА АМЕРИКА. Тоа е толку попрестижно и поубаво за жителите на оваа сојузна држава, која има неверојатен потенцијал. Леле, го обожавам тоа!!!“, напиша Трамп.
Не е јасно дали овојпат објавите најавуваат конкретна иницијатива за преименување, или го испитуваат расположението на јавноста. По објавата во септември следуваше остра реакција од локалните политичари.
„Името на Њу Мексико не е предмет на дискусија, наше е уште од времето пред да постојат Соединетите Американски Држави“, порача гувернерката од Демократите, Мишел Лујан Гришам.