🎥 ЕДНИ ПРОТЕСТИРААТ, ДРУГИ ЏОГИРААТ, ТРЕТИ „КУЛИРААТ“ Париз си е Париз и кога е во хаос
Камерите исто така снимија и збунети туристи кои, влечејќи ги своите куфери, се пробиваат низ толпите демонстранти.
Фотографија на која девојка мирно ужива во својот пијалак во париско кафуле, додека на само неколку метри од неа беснеат пожари од немирите во Париз, стана вирална на социјалните мрежи.
Станува збор за руска туристка, која сама ја споделила фотографијата на социјалните мржи, додавајќи дека добила шенген-виза за една недела и добила „една недела изложеност на солзавец“.
Но, оваа не е единствена објава од овој тип. На социјалните мрежи се прошири и видео на кое се гледа жена која џогира, пробивајќи се низ демонстрантите по париските улици.
Камерите исто така снимија и збунети туристи кои, влечејќи ги своите куфери, се пробиваат низ толпите демонстранти.
На снимките се гледаат припадници на полицијата за разбивање демонстрации, метални барикади, мали пожари и густи облаци од розов чад што ја исполнуваат улицата.
Низ цела Франција избувнаа насилни протести, кои следеа по демонстрациите предизвикани од лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот. Според локалните медиуми и податоците на полицијата, уапсени се повеќе од 2.000 луѓе. Се проценува дека на улиците излегле околу 550.000 луѓе, а француската влада ја опиша ситуацијата како „ескалација на насилството“.
View this post on Instagram