„СE РОДИВ САКАЈЌИ ТЕ, ЌЕ УМРАМ САКАЈЌИ ТЕ“ Каја Гербер се прости од постариот брат

Ќерката на Синди Крафорд објави емотивно писмо по смртта на својот постар брат, кој почина на 27 години. Таа сподели фотографии и видео од нивното детство, откривајќи колку длабока била нивната врска.

65

– Пресли, немам зборови. А можеби мала утеха е тоа што никогаш не ни ни беа потребни. Зборовите потфрлаат, одземаат, сумираат и никогаш не ја кажуваат целата вистина. Колку бев наивна што верував дека јазикот може да ја надмине тагата – напишала Каја Гербер во писмото посветено на својот постар брат.

Дваесет и петгодишната манекенка и актерка ја сподели пораката на Инстаграм на 18 октомври, речиси еден месец по смртта на Пресли, кој почина на 20 септември на 27-годишна возраст. Со објавата сподели и снимка од нивното детство, како и фотографии од времето кога растеле заедно.






Каја пишува дека отсекогаш ѝ било најдраго што му е сестра и дека љубовта кон него ја носела уште од самото раѓање.

– Имав повеќе љубов за тебе отколку што знаев што да правам со неа. А сега, кога таа љубов нема каде да оди, сигурна сум дека ќе ме проголта – признала таа, опишувајќи ја празнината што ја оставил брат ѝ.

Во писмото го опишува Пресли како човек кој верувал во добрината на луѓето и кој на суровоста не одговарал со лутина, туку со збунетост и љубопитност. Според неа, тој бил природно добар и успеал да ја зачува својата нежност и покрај тешкотиите низ кои минувал.

Еден од најболните делови од писмото се однесува на спомен од нивното детство. Кога Каја се исплашила пред да ѝ ги продупчат ушите, Пресли отишол прв за да ѝ помогне да го надмине стравот.

– Ти секогаш одеше прв. Но, кога ја држев обетката што ја извадија од твоето тело, можев да мислам само на едно: тоа ти припаѓа тебе. И навистина посакувам овојпат да не отидеше прв – напиша таа.

Таа признала дека сè уште учи како да живее со загубата – како да го сака брат си кога не може да го види и како да му каже нешто без да посегне по телефонот за да му се јави.

– Не знам сè уште како да го правам тоа – напишала Каја.

На крајот, го нарекла својот најдобар другар, голем заштитник и човекот со кого најмногу се смеела.

– Ти ги палеше сите мои свеќи и ги бркаше сите мои чудовишта. Те сакам. Те сакам. Те сакам. Само ти знаеш колку. Ти благодарам што беше тука – завршува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Пресли беше син на супермоделот Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер. Почина во установа за рехабилитација во Санта Моника. Според американските медиуми, околностите на неговата смрт сè уште се истражуваат, а официјалната причина не е објавена. Пресли претходно јавно зборуваше за своите проблеми со менталното здравје и зависноста.

Поврзани содржини