КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник, исчезнал пиштол

Кражбата се случила во ноќта меѓу 12 и 13 февруари. Вработена во болницата му го дала клучот од влезната врата на 42-годишник, кој со уште едно лице влегол во установата и одзел пиштол.

76

Вработена во Општата болница во Дебар му го дала клучот од влезната врата на 42-годишен сограѓанин, по што тој и уште еден маж влегле во установата и од една од канцелариите одзеле пиштол.

Основното одделение за внатрешни работи (ОВР) Дебар поднело кривична пријава против три лица од Дебар – Ј.А. (42), А.И.В. (32) и А.К. (36) – поради сомнение за тешка кражба. Второ и третопријавениот се сомничат и за помагање во извршувањето на кривичното дело.






Според пријавата, кражбата се случила во ноќта меѓу 12 и 13 февруари 2026 година, во Јавната здравствена установа – Општа болница Дебар. А.И.В., која била вработена во болницата, му го дала клучот од влезната врата на Ј.А.

Потоа Ј.А. и А.К. влегле во болницата, а од една од канцелариите одзеле пиштол „Црвена Застава“, калибар 9,9 милиметри, сопственост на болницата.

Против тројцата е поднесена кривична пријава, а случајот се однесува на сомнение за тешка кражба и помагање во нејзиното извршување.

Поврзани содржини