СИНДИ КРАФОРД СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО СМРТТА НА СИНОТ„Додека повторно не се сретнеме, наше драго момче“

Речиси еден месец по смртта на нивниот син Присли Гербер, супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер за првпат јавно проговорија за загубата. Во потресна порака, објавена заедно со црно-бела фотографија од синот, му посветија зборови што сведочат за нивната неизмерна тага.

52

Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер првпат се огласија во јавноста по смртта на нивниот 27-годишен син Присли. Двојката објави заедничка порака на социјалните мрежи, во која ја сподели болката по загубата на најстарото дете.

– Скршени сме од болка поради загубата на нашиот сакан син и брат – напишаа тие покрај црно-белата фотографија од Присли, на која е наведен и датумот на неговото раѓање и смрт: 2 јули 1999 – 20 септември 2026 година.






– Се чувствуваме благословени што го имавме Присли во нашите животи 27 години. Тој е нежна, прекрасна душа која сакаше и беше сакана, сега и засекогаш – продолжија родителите.

Тие истакнаа дека се горди на начинот на кој нивниот син се однесувал кон светот, со добрина и ранливост. Воедно, им се заблагодарија на сите што им испратиле поддршка во тешкиот период, вклучително и на луѓето што не ги познаваат лично, но сочувствуваат со нивната болка.

– Додека повторно не се сретнеме, наше драго момче. Те сакаме засекогаш. Мама, тато и Каја – стои во завршницата на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Присли почина на 20 септември, на 27-годишна возраст, откако доживеал срцев застој во центар за рехабилитација во Санта Моника, каде што бил на лекување од зависност. Според медиумските извештаи, конечните токсиколошки наоди се очекува да дадат повеќе информации за околностите на смртта.

 

Поврзани содржини